
Настани и Новости
|
|---|
Застапување на малцинските права во Европската Унија : Асоцијацијата за демократски развој на Ромите „ Сонце“ го преведе прирачникот „Застапување на малцински права во Европската Унија : Прирачник за НВОи од Југоисточна Европа “ на македонски јазик. Овој прирачник ќе им помогне на организациите кои работат на промоција и заштита на малцинските права да ги искористат евро-интегративните процеси во својата работа . Напишано од Administrator 27.03.2008
Дали Република Македонија повтроно ќе се најде помеѓу последните држави на ранг листата на спроведување на Декадата за вклучување на Ромите или ќе забележи скок и ќе се најде помеѓу оние држави кои посветуваат повеќе внимание на оваа политика, ќе покаже извештајот на РНВО Рома 2002 за 2007 година. Напишано од Administrator 27.03.2008
Меѓународната Група за Малцински Права (МРГ) и партнерските организации од Западен Балкан имаа состанок со претставници од Европската Комисија и од неколкуте меѓународни граѓански организации, во Европкиот Парламент во Брисел на 20 ноември 2007. Состанокот се одржа по повод објавувањето на извештаите на Комисијата за напредокот на државите од Западен Балкан. Напишано од Administrator 20.11.2007
На 6ти неомври 2007 година Премиерот на Република Македонија стана татко. Меѓутоа, македонските медиуми речиси ја игнорираа веста.Фокусот беше на извештајот за напредокот на Македонија од ЕК објавен истиот ден. Наслови, како „Браво за економија-срамота за политика“ осамнаа во весниците. Веднаш беа отворени јавни дебати по Извештајот. Поради ова, важно е што со Извештајот се проценува како напредок, а што е напишано како препорака. Напишано од Administrator 6.11.2007 |