
Соработка со странски организации |
Во својата досегашна работа СОНЦЕ има добиено најголема поддршка од страна на РУП- ИОО. Оваа поддршка се состои главно од тоа што секоја година СОНЦЕ добива институционална поддршка од РУП-ИОО, со тоа што се покриваат основните трошоци на организацијата за тековната работа, се реализираат редовните активности во областа на образование, се остварува соработка со други засегнати страни по прашањата на Ромите и се обезбедуваат ресурси за поддршка на останатите проекти и активности на организацијата. Покрај ова, редовниот контакт РУП-ИОО придонеусва кон размена на информации и искуства поврзани со работата на организацијата, градењето на капацитетите на организацијата, како и за градење на кредибилитетот на СОНЦЕ надвор од Македонија. Покрај ова, мора да се нагласи и фактото дека по иницијатива на претставници на оваа програма СОНЦЕ е формално регистрирана како организација и оваа програма ја пружи основната поддршка за отпочнување со работа и градење на организацијата. Оваа соработка на СОНЦЕ е на високо ниво и е од особено значајна за работењето на организацијата.
СОНЦЕ е локален партнер на Меѓународната Група за Малцински Права од Лондон, Англија во програмата за Југоисточна Европа од 2004 оваа година. Ова партнерство е воспоставено по претходната двогодишна активна соработка . Преку соработката и поддршката со ГМП, СОНЦЕ се етаблира и посебно истакна во областа на застапување и лобирање на човековите/ малцински права и промоција на инструментите на ООН и Советот на Европа за заштита и промоција на ове права. Спроведени се повеќе проекти на национално и меѓународно ниво, а како посебно важнин за нашата организација се учество на меѓународните конференции и работилници, каде што освен знаење и вештини, организацијата доби можност да ги презентира проблемите на Ромите од Македонија пред развојните агенции на Обединетите Нации, Советот на Европа и Европската Комисија. Преведен е ОН прирачникот за Малцинствата на македонски и албански јазик, а истиот е дистрибуиран до невладините организации и институции во Македонија, Косово и Албанија, организирана е обука за РКНМ за претставниците на НВОи од Македонија кои работат на малцински права и подготвен е алтернативен извештај на РКНМ.
Во тек е подготовка на Микро Студија : „ Идни политики за подобрување на вработеноста на Ромите во Р.Македонија“ .
Оваа година завршува втората тригодишна фаза од програмата на ГМП, за Југо-источна Европа. Во тек е подготовка на третата излезна фаза од оваа програма.Во следните три години се планира СОНЦЕ интензивно да соработува со ГМП и заедно со организацијата АДИ од Гостивар, која е исто така партнерска организација да формира мрежа од НВОи за малцински права.Се очекува, покрај фондови за активностите во рамките на програмата, партнерските организации да добијат и одредена изнституционална поддршка од ГМП.
Во рамките на ова значајно е да спомене и се посилното партнерство што се гради помеѓу СОНЦЕ и АДИ како локални партнери на ГМП, но и надвор од него. Двете организации работат на слични проекти и наоѓаат заедничко поле на соработка. Така, двете организации при планирањето на својата работа редовно ја имаа во предвид поддршката од другата органзација и се почесто активно соработуваат .