Содржина | Мапа на сајтот | За Сонце | Правна рамка | Прашања | Контакти
Сонце > Соработка > Соработка со домашни организации
- Настани и Новости
- Историјат
- Портфолио
- Структура и персонал
- Идни Планови
- Човекови права
- Локална соработка
- Образование и култура на млади Роми
- Тековни проекти
- Реализирани проекти
- Соработка со странски организации
- Соработка со домашни организации
- Изваштаи
- Корисни документи
Програма за Учество на Ромите - Институт Отворено Општество
Меѓународна Група за Малцински Права
УСАИД
Светска Банка
Секретаријат на РКНМ
Фондација Институ Отворено Општество
ОН Работна Група за Малцинствата
Совет на Европа
Дански Совет за Бегалци
Хуманитарно и добротворно здружение на Ромите Месечина -Гостивар
Министерство за труд и социјална работа
УНХЦР
Соработка со домашни организации

СОНЦЕ има блиска соработка со ХДЗР „Месечина“ од Гостивар. Двете организации работат на прашањата на Ромите, особено во Тетово и Гостивар каде условите се слични и географски се многу блиски. Во некои од приоритетите организациите се поклопуваат, додека во некои се компатибилни и се надополнуваат. Двете организации работат на образование, интеграција, малцински права на Ромите, итн, но со различен пристап. Соработката е одлична и се манифестира преку размена на идеи, капацитети, ресурси, активности, итн. Исто така оргнизациите често меѓу себе се консултираат, се информираат, заедно настапуваат пред други организации и структури и се подржуваат во својата работа.
Соработката е долгогодишна и двете организации паралелно ги градат своите капацитети и се етаблирани како едни од поразвиените, како во ромскиот, така и општо во невладниот сектор. Оваа соработка треба да се продолжи понатаму, па дури и да се унапреди

  • Ромска организација на жените во Македонија „Даја“

„ Даја“ е женска организација од Куманово која има долгогодишно искуство во работа на прашањата на жените Ромки. Со намера да ги прошири своите активности и со нив да опфати жени Ромки и во другите градови, „Даја“ често контактира со СОНЦЕ каде спроведува активности за жените Ромки од Тетово. СОНЦЕ се јавува како организатор на логистиката и контактира со жените Ромки од Тетово за да ги мотивира за учество во овие активности.
Со ова СОНЦЕ допринесува жените Ромки да имаат корист од активностите кои ги спроведува „ Даја“ за јакнење на жените Ромки.

  • Ромкса асоцијација на жени и млади „Лулуди“

„Лулуди“ е организација од Скопје која работи на активности повразни со жени и млади. Првенствено работи на заштита на правата на жените Ромки, против семејно насилство, на здравствени потреби на жените, како и на образование на жени и деца Роми. Соработката со СОНЦЕ е е повторно поврзана со активностите кои „Лулуди“ ги организира за жените и младите Роми. Така и во овој случај СОНЦЕ се јавува како логистичка поддршка и врска со жените и младите Роми од Тетово за реализација на некои од активностите на „Лулуди“ . Покрај ова, СОНЦЕ често споделува информации со „Лулуди“ и дава совети за подобрување на работата на „Лулуди“ која е значително помлада организација.

  • Центар пермакултура и мироградба „ППЦ“

ППЦ е повторно организација од Гостивар. За разлика од претходните , оваа организација работи првенствено во областа екологија. Како втор приоритет на ППЦ е развојот на демократското општество и меѓуетничките односи.
ППЦ е мултиетничка организација. Соработката на СОНЦЕ со ППЦ се манифестира преку размена на идеи, информации, консултации, итн.
Некои од членовите на СОНЦЕ се членови на Советодавното Тело на ППЦ, со што учествуваат во креирањето на програмата на ППЦ. Организациите се подржуваат во настапите пред други организации и структури .

  • Иницијативи за Равој на Општеството-ИРО

СОНЦЕ стана членка на оваа мрежа од самиот почеток на нејзиното формирање. По потпишувањето на Охридскиот Рамковен Договор, Мрежата имаше зацртана мисија да делува во процесите на подобрување на меѓуетничките односи и јакнење на капацитетите на организациите членки. СОНЦЕ беше во групата на првите 20 органзации кои го потпишаа Меморандумот за Соработка и како единствена НВО од Тетово имаше обврска да го формира членството на ЕЦМП Регионален Центар. Во првата година СОНЦЕ ја координираше работата на РЦ Тетово за да во наредните години активно учествува во градењето на политики и програми на Мрежата. Во рамките на оваа Мрежа, СОНЦЕ ги спроведе проектите „ Обука за подготовка на алтернативен извештај по РКНМ“ Работна група за малцински прашања “ и „ Дијалог на заедницата и јакнење на капацитети “ , а исто така беше партнер во неколку други проекти на останатите организации - „Лоја“ , „Мултикултура“ , „Центар за демократски развој“ , „ Форум на жена Албанка “ , „Златна генерација“, „ Хендикеп “, „Младинска алијанса“ , „Среќен живот “ , „Организација на жени- Тетово“ , „Златна рака АДА“ , „ Центар за учество на јавноста“ , „ Центар за демократски и економски развој “.
Во текот на 2004 ЕЦМП Мрежата подготви стратешки план за оддржливост на Мрежата во која СОНЦЕ имаше активна улога. Како резултат на овој стратешки план, формирана е мрежата „ Иницијативи за Развој на Општеството-ИРО“ која е своевиден континуитет на ЕЦМП НВО Мрежата. СОНЦЕ е организирана која активно учествува и ќе продолжи да учествува во ваквата соработка во која се здружени над 30 организации за да делуваат заеднички за решавање на проблемите на граѓаните од Република Македонија.

Визијата : ИРО - модел за демократија

Мисија : ИРО ги здружува капацитетите на искусни теренски организации на граѓанскотот општество во насока на економски развој, со партиципација и интеграција и обезбедување еднакви можности.

  • РНВО Рома 2002

Координацијата на Ромски невладини организации РНВО Рома 2002 е доброволна иницијатива на невладини организации кои се здружуваат за остварување на заеднички цели во полза на нивната заедничка целна група - Ромите од Република Македонија. СОНЦЕ е членка на оваа организација од самото формирање.
За остварување на поставените заеднички е донесена програма.Програмата е базира на неколку сектори и тоа :

  • Образование и култура
  • Социо-економски развој
  • Човекови права, женски права и правата на децата
  • Култура, наука и медиуми
  • Здравство
  • Спорт-млади и екологија
  • НВО менаџмент

РНВО Рома 2002 соработува со други координации, асоцијации, и сојузи кои имаат слична програма и покажуваат интерес за соработка. Активно работи на подобрување и унапредување на меѓуетничките односи со вклучување во разни движења кои се залагаат за мирен и заеднички соживот.
Во текот на 2002 беше развиена стратегија на РНВО Рома 2002 со цел градење на Македонија како мултикултурно општество, висок степен на едноквост на граѓанските права, а во исто време посебна заштита на етничкиот идентитет и различност лоцирани претходно во сферата на цивилното општество. Пред ова , РНВО Рома 2002 имаше низа работни состаноци на сите 17 членки, кои пред усвојувањето на стратешкиот документ, ги усвоија и потпишаа Меморандумот за Соработка и Кодексот за Однесување на членките.

РНВО Рома 2002 Визија : Сеопшт ефективен развој и партиципација на Ромите во сегментите на општествениот живот во Република Македонија

РНВО Рома 2002 Мисија : Развој и искростување на постоечките услови за квалитативен и квантитативен развој на Ромите, преку партиципација, интеграција, соработка, здружување и нивна промоција на национално ниво.

Во сите овие случувања СОНЦЕ учествуваше со свој претставник, со тоа што придонесе за развој и организација на нови иден кои се во корист за самата РНВО Рома 2002, а особено за целната група - Ромите во Македонија.. Со новата констелација која е наклонета кон адресирање на прашањата на Ромите, РНО Рома 2002 ќе има особено место во општеството, особено во рамките н граѓанскиот сектор: СОНЦЕ ќе ја продолжи оваа успешна соработка.

© СОНЦЕ 2007
.: Designed by Albert :.
Пребарувај со македонска поддршка
Site search Web search

поддржано од FreeFind

Гласај

он-лајн посетители

Планирајте ги вашите активности
Дали ви се допаѓа новиот дизајн на веб страната ?
Да,ми се допаѓа
Не,претходниот беше подобар
Можевте и подобро