Содржина | Мапа на сајтот | За Сонце | Правна рамка | Прашања | Контакти
Сонце > Настани и Новости
- Настани и Новости
- Историјат
- Портфолио
- Структура и персонал
- Идни Планови
- Човекови права
- Локална соработка
- Образование и култура на млади Роми
- Тековни проекти
- Реализирани проекти
- Соработка со странски организации
- Соработка со домашни организации
- Изваштаи
- Корисни документи
Програма за Учество на Ромите - Институт Отворено Општество
Меѓународна Група за Малцински Права
УСАИД
Светска Банка
Секретаријат на РКНМ
Фондација Институ Отворено Општество
ОН Работна Група за Малцинствата
Совет на Европа
Дански Совет за Бегалци
Хуманитарно и добротворно здружение на Ромите Месечина -Гостивар
Министерство за труд и социјална работа
УНХЦР

 
:: Соопштение до јавноста ::
Европската Комисија веднаш се согласи дека треба да води сметка за сите малцинтва во Македонија

Меѓународната Група за Малцински Права (МРГ) и партнерските организации од Западен Балкан имаа состанок со претставници од Европската Комисија и од неколкуте меѓународни граѓански организации, во Европкиот Парламент во Брисел на 20 ноември 2007. Состанокот се одржа по повод објавувањето на извештаите на Комисијата за напредокот на државите од Западен Балкан. Пристутните дискутираа за покриеноста на важните малцински прашања во извештаите на ЕК. Комисијата покажа особен интерес за видувањата на активистите на за малцински права, што го потврди и присуствто на г-дин Пјер Мирел - директор на директоратот Ц
( прашања за Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора) од Генералниот директорат за проширување. Покрај г-дин Мирел на состанокот присуствуваа и други претставници од ГД за проширување, но за жал не присуствуваше раководителот на одделот за Македонија-
г-ѓа Паула Пампалони.

Александра Бојаџиева од Асоцијација за демократски развој на Ромте „Сонце“ и Беким Абдулаи од Асоцијација за демократски иницијативи беа учесници на од Македонија. Бојаџиева имаше изјава за видувањата на активистите за малцински права кон извештајот за напредок на Македонија од ЕК. Таа ја нагласи загриженоста за малото внимание на ЕК кон помалите малцинства во Македонија, со оглед на тоа што повеќето од овие малцинства не си ниту споменати во извештајот. Ова беше веднаш прифатено од претставниците на ЕК. Г-дин Мирел кажа дека оваа забелешка - дека фокусот на ЕК е кон албанското малцинство - е точна и дека ЕК нема доволно информации за останатите малцинства, така што останатите малцинства во Македонија ќе добијат соодветно внимание кон од ЕК.

Друга забелешка која го привлече интересот на учесниците беше неефикасноста на механизмите за политичко учество на малцинствата, особено на локално ниво. Иако извештајот на ЕК препорачува општинските Комисии за односи меѓу заедниците да станат поефективни во вклучувањето на малцинските прашања на локално ниво, во еден дел вели дека онаму каде што постојат овие комисии се ефктивни. По дискусијата по ова прашање, беше заклучено дека единствениот напредок од овој аспект е правната рамка за ваквите комисии, додека практиката сеуште бара интензивен развој и подобрување.

Однесувањето на полицијата и судството кон малцинствата во Македонија, особено полициската единица „Алфи“ беше одредена како прашање за загриженост. Лошиот однос врзан врз расна основа кон малцинствата, особено кон Албанци и Роми, беше потенциран како клучен фактор кој предизвикува дестабилизација на Македонија.

Политиките кон Ромите во Македонија се поздравени со Извештајот на ЕК, но се препорачува нивно спроведување. Потенцирана беше потребата од поддршка од страна на ЕУ, како и одделување на соодветни институционални и финансиски ресурси од владата, за спроведување на овие политики.

Другите прашања дискутирани во однос на извештајот на ЕК за Македонија беа недоволната застапеност на малцинствата во јавната администрација, проблемите со користење на јазиците на малцинствата и недоволната вклученост на малцинствата во развојните процеси.

Потребата од сеопфатен закон за анти-дискриминација во согласност со стандардите на ЕУ е присутна низ целиот Западен Балкан, вклучително и Макеодонија. Присутните побараа од ЕК да даде приоритет на оваа потреба, како и поддршка на државите пристапнички кон ЕУ по однос на ова прашање. Исто така, приситните побараа од ЕК да се задолжи за поголема вклученост на малцинствата во целиот процес на пристап на државите кон ЕУ. ЕК даде позитивен пример од Црна Гора по однос на ова прашање, каде владата има формирано постојан форум на кој се дискутираат прашањата кој граѓанскиот сектор ги смета за значајно заедно со владата и од кој произлегуваат конкретни предлози за нарамошно делување во процесот на интеграција кон ЕУ.

Проценката на активистите од Македонија присутни на состанокот е дека истио беше успешен, со оглед на тоа дека ЕК покажа исклучителен интерес за ставовите изнесени од страна на активистите, имаше плодна дискусија по повеќето од прашањата и ЕК се заложи за остварување на некои од препораките кои произлегоа од состанокот. Активистите за малцински права, пак, се обврзаа поактивно да учествуваат во процесот на интеграција на кон ЕУ и своите ставови и предлози отворено да ги комуницираат и со владите и со ЕУ институциите, за да се продолжи и развие воспотавениот дијалог.

Александра Бојаџиева
Асоцијација за демократски развој на Ромите „Сонце“

 

 

 

 

 

 

 

 
© СОНЦЕ 2007
.: Designed by Albert :.
Пребарувај со македонска поддршка
Site search Web search

поддржано од FreeFind

Гласај

он-лајн посетители

Планирајте ги вашите активности
Дали ви се допаѓа новиот дизајн на веб страната ?
Да,ми се допаѓа
Не,претходниот беше подобар
Можевте и подобро