- Настани и Новости
- Историјат
- Портфолио
- Структура и персонал
- Идни Планови
- Човекови права
- Локална соработка
- Образование и култура на млади Роми
- Тековни проекти
- Реализирани проекти
- Соработка со странски организации
- Соработка со домашни организации
- Изваштаи
- Корисни документи
Содржина | Мапа на сајтот | За Сонце | Правна рамка | Прашања | Контакти
Сонце > Настани и Новости
Програма за Учество на Ромите - Институт Отворено Општество
Меѓународна Група за Малцински Права
УСАИД
Светска Банка
Секретаријат на РКНМ
Фондација Институ Отворено Општество
ОН Работна Група за Малцинствата
Совет на Европа
Дански Совет за Бегалци
Хуманитарно и добротворно здружение на Ромите Месечина -Гостивар
Министерство за труд и социјална работа
УНХЦР

 

„Застапување на малцинските права во Европската Унија : Прирачник за НВОи од Југоисточна Европа “ достапен и на македонски јазик


7 март 2008, Скопје

Асоцијацијата за демократски развој на Ромите „ Сонце“ го преведе прирачникот „Застапување на малцински права во Европската Унија : Прирачник за НВОи од Југоисточна Европа “ на македонски јазик. Овој прирачник ќе им помогне на организациите кои работат на промоција и заштита на малцинските права да ги искористат евро-интегративните процеси во својата работа .
Прирачникот има за цел да ги зајакне активистите за човекови и малцински права од ЈИЕ во насока за успешно застапување за вклучување на малцинските прашања во процесот на пристап кон ЕУ во нивните држави и за заштита на малцинските права. Прирачникот содржи преглед на ЕУ, нејзините структури и процеси. Ги опишува политиките на ЕУ во регионот и природата на проширувањето на ЕУ кон ЈИЕ, како и деталите за ЕУ стандардите и механизмите за заштита на малцинствата. Прирачникот исто така ги претставува можностите за застапување достапни за активистите за малцински права и нуди практични алатки за застапување.

Автори на прирачникот на англиски јазик се Сњежана Бокулич, Флоријан Бибер, Ана-Марија Биро и Емелин Ченеј, додека преводот на македонски јазик е на Александра Бојаџиева. Преводот е направен како дел од програмата „Унапредување на вклученоста на ранливите групи во Југоисточна Европа, Застапување на малцинските права во процесот на пристап кон Европската унија“, кој се спроведува во партнерство помеѓу Меѓународната Група за малцински парава (МРГ) од Обединетото Кралство, Асоцијација за демократски иницијативи(АДИ) и Асоцијацијата за демократски развој на Ромите „Сонце“(АДРР Сонце) од Македонија, Документациски центар на Роми и Ашкалии (РАД Центар) од Косово, Индепендент од Босна и Херцеговина, Либертаск од Црна Гора, Ромски женски центар „Бибија“ од Србија и Центар за мир, правни совети и психосоцијална помош од Хрватска. Програмата финансиски е поддржана од Одделот за меѓународен развој на Обединетото Кралство (ДФИД), Чарлс Стјуарт Мот фондацијата и фондацијата Крал Бодуин.

Покрај преводот на македонски јазик, партнерските организации го преведуваат и на други локални јазици(албански, ромски, српски и хрватски). За сите заинтересирани, примероци од сите јазици се достапни во
АДРР Сонце.

Надир Реџепи
Извршен директор


симнување на прирачникот    
© СОНЦЕ 2007
.: Designed by Albert :.
Пребарувај со македонска поддршка
Site search Web search

поддржано од FreeFind

Гласај

он-лајн посетители

Планирајте ги вашите активности
Дали ви се допаѓа новиот дизајн на веб страната ?
Да,ми се допаѓа
Не,претходниот беше подобар
Можевте и подобро