
Често поставувани прашања |
Сонце е непрофитна, доброволна граѓанска организација етаблирана на меѓународно и национално ниво која активно придонесуца за граѓанска интеграција и подеднакво практикување на демократските права и можности на Ромите .
Сонце преку своите програми придонесува за демократска интеграција и ефективно учество на ромската заедница преку градење на капацитети, директна поддршка и застапување на Ромите.
Сонце е формирана 1996 година како неформална група за само-помош на ромската заедница во Тетово. Во текот на своето работење организацијата од работа на урегнтни хуманитарни потреби се премина кон градење на развојни програми за долгорочно подобрување на условите и состојбите на целната група.
Сонце ќе се стреми да ја оствари својата визија, односно да прерасне во институција за интеграција на Ромите преку градење и развивање на човечки и материјални капацитети врз основа на кои ваквата институција ќе се формира.