Асоцијацијата за Демократски Развој на Ромите „ Сонце “ е организација на граѓанското општество, етаблирана на локално, национално и меѓунродно ниво, која активно придонесува за граѓанска и демократска интеграција, ефективно учествува во општеството и подеднакво практикување на демократските права и можности на Ромите ,преку градење на капацитети, директна поддршка и застапување.
АДРР „ Сонце “ е формирана 1996 како неформална група за само-помош на ромската заедница во Тетово. По почетната хуманитарна работа, во 2000 година Сонце се трансформира во развојна организација која работи во различни проекти и програми. Досега, има реализирано 33 проекти и 1 е во процес на реализција. АДРР „ Сонце “ има учествувано на повеќе проекти како партнерска организација. Од 2001 до денес, Сонце е институционално поддржана од Ромската Партиципативна Програма на Инститот Отворено Општество, Будимпешта. Со оваа поддршка организацијата функционира како како ромски центар во Тетово, при што во рамките на работењето овозможува образовна поддршка на млади Ромите, административна поддршка на Ромите , културни настани итн. АДРР „Сонце“ е локален партнер на Меѓународната Група за Малцински Права , е дел од членките на мрежата на РНВО Рома 2002 и членка на мрежата Иницијативи за Развој на Општеството, исто така соработува со многу невладини организации, како и локални и државни институции, медиуми итн.
Како главни приоритети на работењето на организацијата се следните :
партиципација во имплементацијата на акционите планови од Декадата за вклучување на Ромите и Националната Стратегија на Роми, како и мониторинг и евалуација на истите; да лобира и застапува за правата и интересите на Ромите, конкретно за практикување на човекови / малцински права пред локални, национални и меѓународни актери; да гради и развива дијалог во заедницата во реализација на ромските прашања и интереси; да гради капацитети во заедницата ,поточно преку организациски капацитети од сите аспекти на организациска работа .
Приоритетите на АДРР„Сонце“ се реализраат преку трите програми и тоа :
Програма за застапување и лобирање на правата и интересите на Ромите, Програма за образование и култура на млади Роми, Програма за локална соработка .
Програмата за Образование и култура на млади Роми вклучува иницијативи за подобрување на образованието на Ромите, преку организирање курсеви по информатика, јазици, литература, математика и сл. Оваа програма организира културни активности од сферата на модерен валет, мјузикли, театар и др.активности. Исто така се организира традиционална Новогодишна претстава на најразлични теми поврзани со Ромите како и други културни настани поврзани со традицијата, обичаите и културата на Ромите.
Како составен дел , функционира и програмата за волонтери, при што имаа можности младите Роми да придонесат за нивната заедница. Оваа програма гради капацитети на волонтерите од различни потреби, како што се организациски менаџмент, односи со јавноста, комуникациски, презентациски вештини итн. Волонтерите организираат и испорачуваат краткорочни активности и случувања.
Во рамките на оваа програма секоја година, се вклучени и активности од типот на : прибирање на информации за бројот на запишани Роми во основните, средните и високообразовните институции; известување, консултации и административна поддршка за стипендирање; презентации за критериумите за запишувањево средните училишта и факултетите, како и лобирање за запишување на ученици Роми.