Содржина | Мапа на сајтот | За Сонце | Правна рамка | Прашања | Контакти
Сонце > Настани и Новости
- Историјат
- Портфолио
- Структура и персонал
- Идни Планови
- Човекови права
- Локална соработка
- Образование и култура на млади Роми
- Тековни проекти
- Реализирани проекти
- Соработка со странски организации
- Соработка со домашни организации
- Извештаи
- Корисни документи

Програма за Учество на Ромите - Институт Отворено Општество
Меѓународна Група за Малцински Права
УСАИД
Светска Банка
Секретаријат на РКНМ
Фондација Институ Отворено Општество
ОН Работна Група за Малцинствата
Совет на Европа
Дански Совет за Бегалци
Хуманитарно и добротворно здружение на Ромите Месечина -Гостивар
Министерство за труд и социјална работа
УНХЦР
 
  • Преглед на Извештаите за напредок на ЕК за земјите од Западен Балкан од перспективата на малцинските права

На 6ти неомври 2007 година Премиерот на Република Македонија стана татко. Меѓутоа, македонските медиуми речиси ја игнорираа веста.Фокусот беше на извештајот за напредокот на Македонија од ЕК објавен истиот ден. Наслови, како „Браво за економија-срамота за политика“ осамнаа во весниците. Веднаш беа отворени јавни дебати по Извештајот.
Извештајот на РК е во центарот на политичкиот и медиумскиот интерес и заклучоците во него се соопштуваат на широко. Одредените приоритети лесно се примаат од страна на владата, па затоа , за активистите за малцински права, Извештајот е клучна алатка за застапување.

Поради ова, важно е што со Извештајот се проценува како напредок, а што е напишано како препорака.
Во оваа насока следува поглед на Извештајот на ЕК за Македонија од аспект на малцинските права.

  • Првата загриженост е тоа што малцинските права не се значително вклучени во Извештајот на ЕК

Кога се чита Извештајот за Македонија веднаш може да се забележи дека воопшто малку место е посветено на малцинските права. Овој пристап зачудува со оглед на тоа дека до неодамна главниот ангажман на ЕУ во регионот беше спречување и разрешување конфликти. Исто така, голем дел од македонското население - 35% припаѓа на малцинствата. Тешко е да се замисли дека напредокот, било економски или политички, е можен без посебно внимание кон малцинствата. И не само напредокот - уште повеќе стабилноста на државата зависи од малцинските прашања.

  • Второ, кога зборува за учеството на малцинствата, Комисијата треба да ги вклучи сите малцинства

Комисијата го користи Охридскиот рамковен договор, со кој се стави крај на конфликтот во Македонија во 2001, како мерка за малцинските права и политичкото учество на малцинствата. Договорот навистина ги унапреди малцинските права, иако во ограничен број на области. Сепак, ЕК со право забележува дека ставовите на Албанците се значително маргинализирани во многу области – организацијата на судството, користење на малцинските јазици, деловник на Собранието, итн. Сепак, го испушта од вид политичкото учество на останатите помали етнички малцинства, како Ромите, Турците, Бошњаците и други. Нив ЕУ ги гледа повеќе од социо-економска перспектива, отколку од политичка перспектива, иако овие две се меѓусебно поврзани и дури откако ќе се надмине второто може да се очекува подобрување во смисла на социјалната вклученост и намалување на сиромаштијата.

Во однос на специфичните точки од делот „Човекови права и заштита на малцинствата“ од извештајот, следните прашања се појавија:

  • Лошото постапување од полицијата е опфатено со Извештајот, но малцинствата не се споменуваат.

Лошото постапување од полицијата е значително раширено кон малцинствата, како во број на случаи, така и според бруталноста. Специјалната полициска единица „Алфи“ се споменува во многу узвештаи на меѓународни тела по договори како особено проблематична. Нерасветлениот случај на смртта на малолетниот Ром Трајан Бекиров е класичен случај на запоставување на државата кон малцинствата и децата. Неодамнешниот случај кога момче Ром украде пластичен леген предизвика акција од 20 полицајци и таткото на момчето по притворот да заврши во болница со две скршени ребра и други повреди. Последната спектакуларна полициска акција против група етнички Албанци, затвореници од Косово заврши со 6 мртви и многу повредени, а последователно и со загриженост за стабилноста на државата. А овие случаи се само илустрација на проблемот. За жал, лица кои припаѓаат на малцинствата понекогаш се прашуваат дали ова беше начинот на кој ЕУРОПОЛ ја обучи македонската полиција. Иако ЕК повикува на посилна правна заштита во кривичниот закон против полициско насилство, посилни заложби, критики и поспецифични препораки требало да бидат направени со Извештајот, особено од аспектн на расизам.

  • Нема потреба ЕК да се убедува колку е важна сеопфатна анти-дискриминаторска легислатива.

Во моментов нема политичка волја за закон за анти-дискриминација. Граѓаните се убедуваат дека анти-дискриминацијата е содржана во другите закони и нема потреба од посебен закон. Без специфичен закон за анти-дискриминација е тешко да се докаже дискриминација, а исто така и да се следи. Ова е една од причините за малиот број случаи на дискриминација пријавени кај Омбудсманот. Друга причина е пристапот кон правдата, што исто така е напоменато во Извештајот. Сепак, требало да се потенцира дека пристапот кон правдата е особено ограничен за малцинските заедници, како што се маргинализираните Роми и Турци кои немаат доволно капацитет за пристап кон правдата. Иако крајниот рок за усвојување на анти-дискриминаторската легислатива на ЕУ е датумот на пристап, ЕУ треба ова да го приоритетизира и да инсистира државите кандидатки да усвојат сеопфатна анти-дискриминаторска легислатива. ЕУ треба да понуди помош и насоки за овој процес.

  • Малцинствата сеуште се недоволно застапени во јавниот сектор.

Извештајот го препознава напредокот постигнат во оваа област, но повторно ова се однесува главно на албанското малцинство. Напредокот во однос на маргинализираните малцинства, како Роми, Турци и Бошњаци е незадоволителен. И, додека ЕК треба да посвети поголемо внимание на напредокот во однос на сите малцинства, исто така треба да води грижа и за квалитетот и користа од јавните услуги кои ги добиваат малцинствата.

 

6. ЕК има погрешна слика за учеството на малцинствата во локалната само-управа.

Голем број граѓански организации (ОГОи) ја критикуваат неактивноста и неефикасноста на општинските Комисии за односи меѓу заедниците, кои би требало да се воспоставени во сите општини каде живеат малцинства, но ова не е случај. Многу од овие комисии ниту имаат состаноци, ниту спроведуваат активности. Оние кои работат нешто, пак, имаат екстремно слаб капацитет. Локалните одлучувачи ги консултираат комисиите само по помалку важни прашања, како имиња на улици. Истовремено, кога ЕК го дискутира ова прашање, споменува дека онаму каде постојат, овие комисии се ефективни во работата на малцинските прашања. Ваквата оптимистичка изјава не ја опишува фактичката состојба. Постои сомневање дека истата е заснована само врз информации добиени од владата. Поради ова, ваквите изјави треба да се проверат со малцинствата на терен.

7. Потребно е посилно условување во однос на користењето на малцинските јазици.

Користењето на малцинските јазици е хроничен проблем кој треба да се реши поефективно. ЕУ треба да ја користи Повелбата за регионални или малцински јазици на Советот на Европа како инструмент за насока и показател за проценката на напредокот на Македонија.

8. Понатаму, заштитата на малцинските права треба да се проценува и од перспектива на социјално вклучување и политики за вработување. Ова е важно и за проектите финансирани од ЕУ.

Иако владата одвојува финансии за различни развојни политики, резултатите на проектите не стигнуваат до маргинализираните малцински заедници. Посебните средства наменети за малцинствата се неадекватни, како во државниот буџет, така и во странската помош. Како илустрација, Министерството за финансии неодамна распредели фонд на ОГОи. Од 68 организации кои добија фондови немаше ниту една ромска или турска. Истото важи и за поголемиот дел од проектите финансирани од ЕУ, со оглед на тоа дека ЕК преговара за овие проекти со владата, која пак на големо ги запоставува малцинските прашања. Претпоставката е дека овој проблем ќе се зголеми, имајќи во предвид дека државните институции предводени од погоре споменатата ќе управуваат со ИПА.

9. Извештајот посветува посебно внимание на Ромите.

Во извештајот со право е заклучено дека владата заостанува со спроведувањето на Националната стратегија за Роми. Меѓутоа, се препознава напредок во спроведувањето на акционите планови од Декадата за вклучување на Ромите. Ова е чудно, со оглед на фактот дека плановите се дел од стратегијата. Реалноста, всушност, е дека ниту една од политиките насочени кон Ромите не е обезбедена со соодветни ресурси, како институционални, така и финансиски, така што спроведувањето е проблематично. Ова може да се согледа и од останатите дискусии по други области од Извештајот на ЕК, каде не е забележан напредок во однос на Ромите во ниту една област (образование, вработување, домување, здравство, итн).

Комисијата испуштила да ја наведе сегрегацијата на деца Роми во институциите за ментално заболени, иако постојат информации во врска со овие институции. Овие места вријат од деца Роми. Причината за проблемот е како во критериумите, така и во социјалната политика на државата која ги охрабрува економски послабите семејства, како Ромите, да ги испраќаат своите деца во овие институции. Со ова се активира понатамоѓна маргинализација на Ромите. Дали напредокот е можен кога цело општество оди напред, но една група – назад? Не; само јазот помеѓу заедниците се проширува.

  • Турците воопшто не се споменати во Извештајот . Зошто?

Турците се значително застапени во источниот дел од Македонија и се соочуваат со слични проблеми како Ромите. Тие се маргинализирани и владее голема сиромаштија меѓу нив, но поради помалиот број и слабиот меѓународен интерес остануваат надвор од видот на ЕУ институциите.

Како заклучок, следните препораки се предлагаат до ЕК:

- Да посвети поголемо внимание на малцинските прашања во Македонија.

- Подобро учество на малцинствата во целиот процес на пристап треба да се обезбеди во секоја фаза.

- Прашањата кои се разгледуваат треба да се скенираат од перспектива на малцинствата секаде каде тоа е можно.

- Иако прашањата помеѓу Албанците и Македонците се клучни за стабилноста на државата, помалите малцинства не треба да се запоставуваат, особено од аспект на спроведувањето и проценката на Охридскиот рамковен договор.

- Клучно е целата јавна администрација, особено судството и полицијата, да бидат обучени за работа со и на малцински прашања и вклучување на малцинствата во донесувањето и спроведувањето на јавните политики.

- ЕК треба да ја поддржи децентрализацијата од аспект на малцинските прашања на локално ниво.

- На Македонија итно и е потребен сеопфатен закон за анти-дискриминација соодветен на стандардите во ЕУ.

- Процесот на решавање на ромските прашања бара сериозна поддршка од ЕУ. Останатите помали малцинства исто така треба да добијат сериозно внимание.

 

 

 

 

 

 
© СОНЦЕ 2007
.: Designed by Albert :.
Пребарувај со македонска поддршка
Site search Web search

поддржано од FreeFind

Гласај

он-лајн посетители

Планирајте ги вашите активности
Дали ви се допаѓа новиот дизајн на веб страната ?
Да,ми се допаѓа
Не,претходниот беше подобар
Можевте и подобро