Сонце > Програми > Програма за застапување и лобирање за правата и интересите на Ромите
АДРР „ СОНЦЕ “ е организација на граѓанското општество, етаблирана на локално, национално и меѓународно ниво, која активно придонесува за граѓанска и демократска интеграција, ефективно учествува во општеството и подеднакво практикување на демократските права и можности на Ромите, преку градење на капацитети, директна поддршка и застапување.
АДРР „ СОНЦЕ “ е формирана 1996 како неформална група за само-помош на ромската заедница во Тетово. По почетната хуманитарна работа, во 2000 година Сонце се трансформира во развојна организација која работи во различни проекти и програми. Досега, има реализирано 33 проекти и 1 е во процес на реализција. АДРР „ СОНЦЕ “ има учествувано на повеќе проекти како партнерска организација. Од 2001 до денес, Сонце е институционално поддржана од Програмата за Учество на Ромите , Инститот Отворено Општество, Будимпешта. Со оваа поддршка организацијата функционира како ромски центар во Тетово, при што во рамките на работењето овозможува образовна поддршка на млади Роми, административна поддршка на Ромите , културни настани итн. АДРР „СОНЦЕ“ е локален партнер на Меѓународната Група за Малцински Права , е дел од членките на мрежата на РНВО Рома 2002 и членка на мрежата Иницијативи за Развој на Општеството, исто така соработува со многу невладини организации, како и локални и државни институции, медиуми итн.
Како главни приоритети на работењето на организацијата се следните :
партиципација во имплементацијата на акционите планови од Декадата за вклучување на Ромите и Националната Стратегија на Роми, како и мониторинг и евалуација на истите; да лобира и застапува за правата и интересите на Ромите, конкретно за практикување на човекови / малцински права пред локални, национални и меѓународни актери; да гради и развива дијалог во заедницата во реализација на ромските прашања и интереси; да гради капацитети во заедницата , преку организациски капацитети од сите аспекти на организациска работа .
Приоритетите на АДРР„ СОНЦЕ “ се реализираат преку трите програми и тоа:
Програма за застапување и лобирање на правата и интересите на Ромите,Програма за образование и култура на млади Роми, Програма за локална соработка .
Во делот на Програмата за застапување и лобирање на правата и интересите на Ромите се вклучени истражувања од различни теми поврзани со ситуациите на Ромите, публикација на извештаи, студии и други публикации, формирање на форуми од различни актери поврзани со ромски прашања за дискусија за можните решенија и креирање на база за вклчување на работите поврзани со овие прашања, презентација на ситуацијата на Ромите и нивните гледишта и интереси, како и препораки за подобрување до донесувачите на одлуки поврзани со Ромските прашања на локално,национално и меѓународно ниво. Покрај тоа, АДРР „ СОНЦЕ “ вклучува градење на капацитети преку тренинзи на Роми и дргуи засеганти страни за понатамошно подобрување на нивните позиции и способности за партиципација, практикување, заштита на нивните права и интереси.Исто така фокусот е на Ромите, оваа програма работи со другите маргинализирани групи кои имаат потреба од слична помош. Како дел на оваа програма,
АДРР „ СОНЦЕ “ е партнерска организација на Југоисточната програма на Меѓународната Група за Малцински Права, Ромска невладина невладина мрежа РНВО Рома 2002, Иницијативи за Равој на Општеството, други НВО мрежи во Македонија, при што констатно е вклучена во групи и форуми за дискусии поврзани со ситуацијата на Ромите,оформената Национална Група за потребите на Декадата за вклучување на Ромите.