Архива на новости |
|---|
Одбележување на 8 ми Април - Светскиот ден на Ромите
По повод одбележувањето на светскиот ден на Ромите, Асоцијацијата за демократски развој на Ромите „Сонце“ во соработка со студентите од универзитетите во Тетово, организираше културна манифестација. Манифестацијата се одржа во Хотел - Лирак во Тетово со почеток во 15:00 часот. По тој повод говор одржаа претставниците на општина Тетово, ректорот на Југоисточниот Европски Универзитет и ректорот на Државниот универзитет во Тетово. Во рамките на манифестацијата свој говор одржа и извршниот директор на Асоцијацијата за демократски развој „Сонце“ - г-дин Ферди Исмаили, каде што го истакна досегашниот придонес на организацијата во градењето на капацитетите на ромската заедница и поддршката што Сонце им ја дава на ромските студенти и средношколци........... ??????... Администратор 25.04.2011
Тркалезна Маса Пренесување на импулсот на Декадата на Ромите од Македонија на Косово 3Д М-К, 04 јануари 2010, х.Карпош - Скопје, Република Македонија
На 4 јануари 2010 година Асоцијацијата за демократски развој на Ромите „Сонце“ одржа тркалезна маса во хотел „Карпош“ во Скопје, Македонија.Настанот е организиран во рамки на проектот „Пренесување на импусот на Декадата на Ромите од Македонија на Косово“ ( 3Д М-К), кој АДРР Сонце го спроведува заедно со РАД Центар од Приштина, со подршка на фондацијата Крал Бодуен. Администратор 13.01.2010
НВО активизмот во нашата организација - Искуства според теорија и пракса 1998-2009 - Надир Реџепи
Невладиниот сектор во Македонија, после повеќегодишно делување, стана Администратор 28.12.2009 Интервенција на Надир Реџепи во Совет за Човекови права,втор форум за малцински прашања 12-13 ноември 2009 Женева Декадата за Инлузија на Ромите од февруари 2010 влегува во својата втора половина на имплементацијата.Во речиси пет години на неформално координирање меѓу државите, сеуште постои потреба за акумулирање на институционална знаење и системски пристап во адресирање на ромските потреби......
Администратор 18.11.2009
Интервенција на Александра Бојаџиева во Советот за Човекови права,втор форум за малцински прашања 12 - 13 ноември 2009 Женева
Иако Ромите во Македонија биле и сеуште се застапени во политичкиот живот,ефективното и суштественото учество се предизвик. Во моментов Ромите имаат еден член во Собранието на Македонија,еден Министер без ресор надлежен за политиките наменети за Ромите, неколку политички претставници на високи позиции во министерствата и други државни тела......
Администратор 24.11.2009
Застапување на малцинските права во Европската Унија :
Асоцијацијата за демократски развој на Ромите „ Сонце“ го преведе прирачникот „Застапување на малцински права во Европската Унија : Прирачник за НВОи од Југоисточна Европа “ на македонски јазик. Овој прирачник ќе им помогне на организациите кои работат на промоција и заштита на малцинските права да ги искористат евро-интегративните процеси во својата работа .
Мрежата на Ромски невладини организации „ Рома 2002 “ и оваа година ќе ја оценува Македонија во однос на Декадата за вклучување на Ромите
Дали Република Македонија повтроно ќе се најде помеѓу последните држави на ранг листата на спроведување на Декадата за вклучување на Ромите или ќе забележи скок и ќе се најде помеѓу оние држави кои посветуваат повеќе внимание на оваа политика, ќе покаже извештајот на РНВО Рома 2002 за 2007 година.
|
