- Одбележување на 8 ми Април - Светскиот ден на Ромите
По повод одбележувањето на светскиот ден на Ромите, Асоцијацијата за демократски развој на Ромите „Сонце“ во соработка со студентите од универзитетите во Тетово, организираше културна манифестација. Манифестацијата се одржа во Хотел - Лирак во Тетово со почеток во 15:00 часот. По тој повод говор одржаа претставниците на општина Тетово , ректорот на Југоисточниот Европски Универзитет и ректорот на Државниот универзитет во Тетово.
Во рамките на манифестацијата свој говор одржа и извршниот директор на Асоцијацијата за демократски развој „Сонце“ - г-дин Ферди Исмаили, каде што го истакна досегашниот придонес на организацијата во градењето на капацитетите на ромската заедница и поддршката што Сонце им ја дава на ромските студенти и средношколци.Исто така, свој говор имаа и Директорот на агенцијата за унапредување на јазиците на етничките заедници г-дин Реџеп али Чупи кој го акцентираше образованието за клучниот напредок на ромската заедница.Како дел од манифестацијата за посебно одбележување на 8ми април - Светскиот ден на Ромите, Асоцијацијата за демократски развој на Ромите им додели признанија и награди на најдобрите средношколци и студенти (со најдобар просек) и од Тетово и тоа :
- Сенада Сали – ученичка во Економското училиште „8 ми Септември“
- Зејнеп Емурлаи – ученичка во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“
- Исмаил Камбери – ученик во Економското училиште „ 8ми Септември“
- Динер Амети - ученичка во медицинското училиште „Никола Штејн“
- Сибел Ахмеди - ученичка во ДСУ „ Моша Пијаде“
- Метин Шаќири - ученик во ДСУ „ Моша Пијаде“
- Ајсен Сали - ученичка во ДСУ „Гоце Стојчески“
- Бегрен Идризи - ученичка во ДСУ „Гоце Стојчески“
- Елвис Шаќири - студент на правниот факултет при Југоисточниот Европски Универзитет
- Саџиде Демири - стедентка на факултетот за бизнис администрација при Југоисточниот Европски Универзитет
- Алмира Реџепи - студентка на правниот факултет при Југоисточниот Европски Универзитет
- Кефает Шабани - студентка на филолошкиот факултет при Државниот Универзитет во Тетово
- Џенгис Хусеини - студент на драмскиот факултет при Државниот Универзитет во Тетово
- Арифе Шаќири - студентка на медицинскиот факултет при Универзтитетот Св.Кирил и Методиј
- Акиф Кариман - студент на медицинскиот факултет при Универзтитетот Св.Кирил и Методиј
|