8ми Април Меѓуроден ден на Ромите
По повод 8ми април – Меѓународниот ден на Ромите, претседателот на Република Македонија Н.Е. д-р Ѓорге Иванов на ден 7 април 2011 година организираше свечен коктел.
На коктелот беше поканета цела ромска елита од Р. Македонија, т.е. претставници на НВО секторот, политички лидери, бизнис сектор, уметници итн.
Коктелот беше оддржан во вилата на претседателот Водно – Скопје.
Администратор 25.04.2011
- Асоцијацијата за Демократски Развој на Ромите „Сонце“ во Тетово во соработка со Министерството за труд и социјална политика во Р. Македонија и Република Албанија во текот од 07- 13 ноември 2010 година посети неколку институции и невладини организации во Бугарија и Шпанија кои работат на полето на креирање и имплементација на јавни политки за вработување и вработиливост на Ромите.Истиот проект беше финансиран од фондод за Декадата на Ромите.
повеќе...
Администратор 19.04.2011
Администратор 31.01.2011
Овој проект има за цел да ја развие програмата за Ромски зравствени медијатори на локално ниво на неколку Општини во Р. Македонија меѓу кои се и Тетово и Гостивар. Проектот е имплементиран од Х.Е.Р.А – Скопје, а додека пак одговорна организација за спроведување на проектот во Тетово и Гостивар е АДРР „Сонце“- Тетово. Како активности во истиот проект се предвидени да се оддражат 20 едукативни работилници во однос на здравтството во Тетово и 20 работилници во Гостивар за период од декември 2010 до октомври 2011 година. Исто така во двете Општини да се оформат локални тимови за здравство кои ќе ги ревидираат локалните акционо планови и ќе ја развијат програмата за здравствени медијатори на локално ниво.
Проектот се имплементита од ноември 2010 до октомври 2011 година.
Администратор 31.01.2011
Во четврток, 8 април Делегацијата на Европската Унија, Обединетите Нации и канцеларијата на Советот на Европа во Скопје заеднички организираа панел дискусија на тема ”Заедно да изградиме општество за сите, предизвиците на сиромаштијата и нееднаквоста”. Панел дискусијата беше организиранa во ЕУ Инфо центарот по повод Меѓународниот ден на Ромите - 8 април и Европската година за борба против сиромаштијата и социјалната исклученост.
На присутните им се обратија Амбасадорот Ерван ФУЕРЕ, специјален претставник на ЕУ и шеф на Делегацијата на Европската Унија, Никола ТОДОРОВ, министер за образование и наука, Диедра БОИД, постојан координатор и претставник на УНДП, Ѓорѓи ЈОВАНОВСКИ, директор на канцеларијата на Советот на Европа, и Весна БАБИЌ од Агенцијата за остварување на правата на заедницата .....
извор :
http://www.delmkd.ec.europa.eu/mk/information_sources/press_releasses_2010/2010-04-08.htm
Администратор 09.04.2010
|